ВО ОВА ЗИМСКО ИЗДАНИЕ
на Т Бизнис магазинот продолжуваме со релевантни теми за дигитализацијата, но и за заштитата на вашиот бизнис како и паметни решенија со кои придонесуваме за општествениот напредок.
Во првиот напис ве советуваме за начинот на кој вашата компанија може да остане во постојана поврзаност со клиентите преку интегрално решение за комуникација – OMNI комуникациска платформа, којашто на едно место обединува повеќе напредни канали за масовна комуникација: СМС, Viber и е-пошта.
Понатаму, ве информираме за проектот којшто го реализираше Македонски Телеком преку примена на сопствено решение за паметно мерење и управување со енергија за уличното осветлување во Општина Кочани, коешто ќе ја подобри целокупната ефикасност за трошење енергија.
Се осврнуваме и на важноста, вашиот бизнис да биде оптимално заштитен во текот на процесот на дигитализација за што нудиме ефикасно решение.
Дополнително ви претставуваме и Business Collaboration Service (BCS), комплетно управувана услуга за говорна, податочна и видео деловна комуникација и начините на кои ќе придонесе во успешната дигитализација на вашата компанија.
Ја завршуваме оваа година со платформа за групно донирање создадена во соработка со фондацијата Телеком за Македонија и здружението Конект, со кое се обезбедува донирање за развојни цели, не само на едноставен туку и на сигурен начин.
Продолжуваме со нашата мисија да постигнуваме напредни
технолошки решенија за доброто на вашиот бизнис, но и
за општеството во целост. Уживајте во празниците и секако
очекувајте од нас бизнис новости во новата година.